Skip to main content
Хроника

Почина момчето кое со мотор удри во џипот на Сашко Јанчев од Левица

10/10/2025  08:55

Момчето од Идризово кое со мотор удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, починало вчера како последица на повредите од сообраќајката.

Сообраќајката се случи во Марино – Општина Илинден, а во неа со тешки телесни повреди се здобија 16 годишното момче кое беше возач на мотоциклот и неговата 13-годишна сопатничка. Јанчев со сопатникот исто така се здобија со телесни повреди.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот беше лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик.

Од партијата на Јанчев тогаш информираа дека малолетникот возел неисправен мотор, без светло и дека моторот се забил во вратата од автомобилот.