
Истакнатиот македонски шахист, ФИДЕ мајсторот Љубомир Илиќ, почина денеска на 69-годишна возраст.
„Неговото заминување не е само загуба за шаховската заедница, туку и за сите кои веруваа во вредностите што тој ги носеше: чесност, достоинство, правда“, објави Шаховската федерација на Македонија.
Својот последен настап на шаховската табла Илиќ го имаше во јануари оваа година кога победи на ветеранскиот турнир во брз шах „Еснаф 2“ што се одржа во Скопје во организација на Шаховскиот клуб на ветерани „Скопје 72“. (МИА)