Skip to main content
Спорт

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

03/11/2025  20:37

Тажна вест ја потресе фудбалската јавност, почина поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ, кој само пред десет дена презел нов клуб, објави 4NEWS.mk.

Според информациите, му се слошило за време на натпреварот на неговиот тим Раднички против Младост, по што колабирал и бил итно пренесен во болница со возило на Брзата помош.

И покрај обидите на лекарите да го реанимираат, по дваесетина минути пристигнала најтешката вест, 45-годишниот тренер ја загубил битката за живот.

Младен Жижовиќ беше роден во 1980 година и имаше богата играчка кариера од 1997 до 2016 година, настапувајќи за повеќе клубови од Балканот. Веднаш по завршувањето на играчката кариера, започна со тренерска работа.

Во Македонија беше добро познат по ангажманот во Шкупи во периодот од 2023 до 2024 година. Претходно го водеше босанскиот Борац Бања Лука, со кој оствари историски пласман во европските натпреварувања и соработуваше со македонските фудбалери Дамјан Шишковски и Бобан Николов.

Зад себе остави богата фудбалска биографија и два настапа за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.