Skip to main content
Македонија

Почина Душко Чифлиганец по борбата во болница!

03/08/2025  19:49

Во тешка сообраќајна несреќа за време на мотоциклистичка трка во Брно, Чешка, вечерва почина познатиот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец дознава 24инфо од семејството.

Чифлиганец беше заменик претседател на „Адора бизнис групација“ од Скопје и директор на Adora Living Solutions. Неговото име е поврзано со бројни успешни бизнис проекти, како и со активна поддршка на спортот и хуманитарни иницијативи.

Несреќата се случила за време на натпреварувањето, а според првичните информации, тој со својот мотор паднал и здобил тешки повреди на кои, за жал, подоцна им подлегнал.

Веста за неговата смрт остави во шок многумина во бизнис заедницата, спортските кругови и пошироката јавност во Македонија.