Skip to main content
Хроника

Почина долгогодишниот новинар Владимир Лапе

17/06/2025  15:24

Долгогодишниот новинар и доајен на македонското новинарство Владимир Лапе,  почина вчера во Скопје по кратко боледување на 75 години, објави неговото семејство.

Лапе беше новинар во Македонската телевизија уште од 1970 година, како тогашна Телевизија Скопје. Целиот свој работен век го посвети на новинарството и се пензионираше во 2010 година.

Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започнал да се занимава уште од студентски денови во средината на 60-тите години во редакцијата „Млади за млади“ во тогашното радио Скопје, а кон крајот на 60-тите и како еден од уредниците на првиот бран прогресивни новинари уредници на неделникот за млади “Фокус”.

Во Македонската телевизија Лапе ги помина сите професионални скалила, од новинар коментатор, водител, до главен и одговорен уредник за надворешна политика на МРТВ.

Во текот на кариерата известувал за сите позначајни настани од значење за надворешната политика на Македонија, од сите континенти, вклучувајќи го приемот на Македонија во ООН во април 1993 година.