
Шокантна вест ја потресе Англија, откако медиумите објавија дека англискиот голман Џејмс Хичкок бил претепан во ноќен клуб, а потоа починал во болница.
Хичкок, кој го носеше дресот на нисколигашот Бартон, починал во болница откако бил нападнат од неколку лица и се здобил со тешки повреди на главата.
Бартон потврди дека голманот имал тешки повреди и испрати сочувство до семејството на спортистот.