Skip to main content
Македонија

По трагедијата во Кочани, засилени инспекциски контроли низ целата држава

23/06/2025  13:19

По настанот во Кочани, инспекциските служби го зголемија надзорот и извршија детални проверки на бројни објекти низ државата. Притоа беа откриени повеќе неправилности, а за дел од објектите издадени се и решенија за затворање.

Заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување посочи дека инспекторите, заедно со колегите од другите инспекторати и во соработка со Министерството за внатрешни работи, внимателно следеле дали сопствениците ги почитуваат сите законски прописи.

Во исто време, Министерството за економија и труд подготвува нова регулатива, која ќе обезбеди построги казни, поголема координација меѓу институциите при издавање дозволи, почести контроли и овозможува затворање на објекти кои не ги исполнуваат условите.