Skip to main content
Хроника

По судир тешко е повреден 18-годишен мотоциклист

17/02/2025  15:09

Вчеравечер во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7-ми Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат добло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ж.К.(70), и мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од И.Ч.(18), двајцата од Гевгелија.

MK Summit

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.