Skip to main content
Македонија

По силното невреме денес, веќе од запад ни доаѓа ново невреме!

30/08/2025  23:04

Во текот на оваа ноќ територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од уште една голема влажна  и нестабилна воздушна маса од запад која ќе услови поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог за кратко време (нови над 20 литри дожд на метар квадратен).

Локално пак повторно ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да усалови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

И во Скопје  и околината оваа ноќ  ќе има нови врнежи, грмежи, засилен ветер  и услови за појава на невреме.

Температурите ќе бележат понатамошно опаѓање  и ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до денес напладне.