Skip to main content
Македонија

По седум дена мистерија – пронајдена исчезнатата скопјанка, видете што се случило

16/05/2025  23:30

Скопјанката Маре П., за чиј исчезнат случај нејзината сестра поднесе пријава во полиција на 9 мај, е пронајдена, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“.

Како што дознава „Фокус“, жената, која е лице со здравствени проблеми, самостојно се пријавила на лекување во соодветна здравствена установа, каде што моментално е хоспитализирана. Истата установа ја лекувала и претходно.

Случајот предизвика јавен интерес откако на социјалните мрежи се појави нејзина фотографија со апел за помош при пронаоѓање, а како последна позната локација беше наведена железничката станица во Скопје.