Skip to main content
Хроника

По расправија за направена сообраќајка, 19-годишник избодел сограѓанин, па се обидел да избега од државата

04/10/2025  13:52

Вчера утрината на преминот Табановце полицијата го уапсила 19-годишниот М.М. од Прилеп, кој истиот ден, по претходно случена сообраќајка, со остар предмет му нанел повреди на 43-годишниот сограѓанин откако настанала расправија.

„На 03.10.2025 во 09:25 часот на Граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници е лишен од слобода М.М.(19) од Прилеп. Истиот ден околу 06:45 во ОВР Прилеп било пријавено дека по претходно случена сообраќајна несреќа во Прилеп, настанала расправија и М.М. со остар предмет му нанел повреди на М.Џ.(43) од Прилеп, по што се дал во бегство, се наведува во полицискиот билтен.

Но, по преземени мерки, М.М. е лишен од слобода и предаден на ОВР Прилеп, а по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.