Skip to main content
Македонија

По празниците, СДСМ тргнува во масовна теренска кампања, најави Филипче

25/12/2024  13:33

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави масовна теренска активност на неговата партија, откако ќе завршат празниците.

„СДСМ не смее и нема да ги заборави луѓето. Не смееме да ги оставиме на маргините и со чуство дека не може ништо да направат во ситуација кога власта не се грижи за нив и за реалните проблеми. Ова сака токму ВМРО-ДПМНЕ, да ги убеди дека мора да се помират со политиките пропагирајќи им дека ете тие биле непобедливи сега“ рече тој. 

Филипче најави финиш на сите процеси во партијата и нова платформа.

„Реалноста е сосема различна, животот е многу тежок, проблемите се товарат еден врз друг. СДСМ направи грешка со тоа што се одалечи на некој начин од граѓаните кога беше на власт и таа грешка ќе ја исправиме. До крајот на годината завршуваат сите процеси во партијата, а потоа ќе излеземе на терен и ќе ја промовираме нашата визија и нова платформа со која ќе понудиме реални решенија, нови луѓе и нови политики. Ова ќе биде политика на СДСМ каде граѓаните ќе бидат на прво место“ заклучи Филипче.