Skip to main content
Македонија

По повод 8-ми Март Претседателката на Кривичниот суд ги посети жените во притвор во Затворот Скопје

06/03/2026  11:48

По повод претстојниот 8 Март – Меѓународниот ден на жената, вршителката на должност претседателка на Основен кривичен суд Скопје, судијката Даниела Димовска, денеска го посети притворското одделение во рамки на Затвор Скопје, каде во моментов се сместени 12 жени против кои се води кривична постапка и за кои сѐ уште нема правосилна судска одлука.

Од судот информираат дека посетата не била само институционална обврска, туку и порака дека ниту една жена, без оглед на околностите и постапката што се води против неа, не смее да биде лишена од своето достоинство, правото на фер постапка и основното начело – презумпцијата на невиност, што е во согласност со препораките на Европската конвенција за заштита на човековите права.

За време на посетата бил ставен акцент на потребата од родово сензитивен пристап во притворските услови, како и на обезбедување психолошка поддршка за жените кои често се соочуваат со дополнителна социјална и економска ранливост.

„Жената не ја губи својата вредност затоа што се наоѓа зад ѕидови, таа останува мајка, ќерка, сестра и личност со право на почит и праведност“, било истакнато за време на средбата.

Во рамки на посетата, претставниците на судот оствариле и средба со директорот на управата на затворот, Утковски, при што било договорено да се иницираат дополнителни разговори со надлежните институции за подобрување на условите и зајакнување на механизмите за заштита на правата на жените во притворското одделение