Skip to main content
Македонија

По критиките за Support Kocani хероите велат: Никој не не повика, сами дојдовме и сакавме да раскажеме, таму има само позитивна енергија

31/03/2025  19:52

По вчерашното потресно сведоштво на херојот Јован Костадинов, дел од граѓаните и јавни личности на социјалните мрежи излегоа со критики до Support Kocani и медиумите кои ги споделуваат сведоштвата на хероите од Кочани.

Тие сметаа дека медиумите и оваа организација ги користи трагичните моменти и дополнително ги трауматизираат младите лица кои ги споделија своите приказни за она што се случувало во дискотеката “Пулс” тоа кобно утро.

По големиот број негативни коментари и самите личности чии имиња беа спомнувани повторно се огласија на социјалните мрежи и споделија дека никој од граѓанската организација Support Kocani не ги повикал и не ги натерал со сила да зборуваат, ниту дека се чувствувале непријатно, туку напротив велат таму ја добиле поддршката која им била потребна.

“Јас своеволно отидов, никој не ми се јавил, никој не ми поставувал прашања што било, како било од тимот на Support Kocani. Тоа не е ТВ шоу, таму нема новинари со безброј прашања!!! Таму има обични луѓе поединци (ХЕРОИ) кои пружаат огромна помош! Во таа просторија се чувствуваш позитивно, не потресно!!! Тие луѓе прават добро дело, а со тоа и јас самиот поединец се чувствувам подобро бидејќи сум опкружен со луѓе со позитивна енергија, луѓето само гледаат да помогнат на најдобар преостанат начин!!! Целосна поддршка за Support Kocani”, напиша Филип Илијев еден од хероите кои го раскажа своето искуство со трагедијата.

“Браво екипа .. Јас сам дојдов од болница директ кај вас да ве поздравам, дадам поддршка и ми олесна и малку се смирив кога се искажав и се напивме кафенце .. На тие што брмчат, да дојдат, да ми кажам се што поминав овие 14 дена у детали и ако ме сватат, психологот ќе треба да оди на психолог после мене !! поздрав и подршка .. КОЧАНИ, напиша Борче Јовановски, уште еден од хероите кои извлекувале млади од дискотеката.

Н.Ј.