
Во текот на вчерашниот ден во скопската полиција е пријавено дека во село Идризово, по претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица при што се употребени и тврди предмети. Во тепачката учествувал и еден малолетник.
„На 03.06.2025 во 19.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.Ш.(19), М.Ш.(24), С.Ш.(49) и еден малолетник, од една страна и А.Р.(30) и М.Р.(58) од друга страна, сите од с.Идризово, при што се употребени и тврди предмети“, стои во полицискиот билтен.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.