
ОВЕН (21. 3 – 20. 4)
По една година, Сонцето влегува во вашата куќа на пари правејќи напнати аспекти со вашите владетели Марс и Плутон, што ви носи можност за голема заработка, и покрај силната конкуренција. Подложност на спортски повреди.
БИК (21. 4 – 21. 5)
Влегувањето на Сонцето во вашиот знак по една година ви носи шанса за зголемување на приходите преку приватен бизнис. Напнатиот аспект помеѓу Плутон и Марс, владетели на вашиот љубовен живот, најавува проблеми во семејството. Чувајте ги документите.
БЛИЗНАЦИ (22. 5 – 21. 6)
Сонцето, по една година, влегува во вашата куќа на пречки, ограничувања и тајни непријатели, што носи стагнација на работа. Склон(и) сте на нелогични заклучоци и погрешни одлуки. Имате поддршка од роднина на позиција. Внимавајте во сообраќајот.
РАК (22. 6 – 22. 7)
По една година Сонцето влегува во вашата куќа на планови и цели, што ви носи можност за зголемување на приходите преку пријатели, странци, големи здруженија, ИТ секторот. Напнатите аспекти на вашиот владетел Месечината ве предупредуваат и ве прават пораздразливи.
ЛАВ (23. 7 – 22. 8)
Влегувањето на вашиот владетел Сонцето во куќата на кариерата по една година ви носи повеќе изненадувања на професионален план, но сепак ќе успеете да постигнете динамика која ви одговара. Кардиоваскуларни тегоби.
ДЕВИЦА (23. 8 – 22. 9)
Предизвикувачки аспекти на Сонцето, кое по една година влегува во вашата деветта куќа, носат проблеми со странци, на патувања, со правни процеси и образование. Сигурни сте дека саканата личност се обидува да скрие нешто од вас. Намалете го внесот на шеќер.
ВАГА (23. 9 – 22. 10)
Влегувањето на Сонцето, по една година, во вашата куќа на пари, ви носи шанси за заработка преку хонорарни или паралелни работи. Успех преку патувања и соработка со странци. Средба со некој што одамна сака да ви се приближи. Рекреирајте се.
ШКОРПИЈА (23. 10 – 22. 11)
Сонцето, по една година, влегува во вашата седма куќа и прави предизвикувачки аспекти со вашите владетели Марс и Плутон, носејќи ви расправии со претпоставени и деловни партнери. Саканата личност е разочарана поради некоја ситуација од минатото.
СТРЕЛЕЦ (23. 11 – 21. 12)
По една година, Сонцето влегува во куќата на работа и здравје, носејќи ви пари преку приватен бизнис, градежни дејности и недвижности. Сомнеж во искреноста на еден помлад соработник. Кардиоваскуларни тегоби.
ЈАРЕЦ (22. 12 – 20. 1)
Влегувањето на Сонцето, по една година, во вашата петта куќа ви носи свежи идеи и инспирација ако работите креативна работа или нешто поврзано со спорт, образование. Соединувањето на вашиот владетел Сатурн и Венера, привлекува стара симпатија.
ВОДОЛИЈА (21. 1 – 19. 2)
Сонцето, по една година, влегува во четвртата куќа и прави квадрати со Плутон во вашиот знак и Марс во куќата на партнерства, што ви носи проблеми со деловни партнери, судски процеси, недвижности, приватен бизнис. Главоболки.
РИБИ (20. 2 – 20. 3)
По една година, Сонцето, кое управува со вашата работа, влегува во вашата трета куќа, носејќи ви бројни контакти и договори. Сепак, не се препорачува вложување во нови работи – подобро почекајте до почетокот на мај. Дополнително внимавајте зад воланот.