Skip to main content
Македонија

По еден месец вратени на работа 7-те Албанци отпуштени од Министерството за односи меѓу заедниците

30/01/2026  15:05

По еден месец неизвесност, седумтемина вработени од албанска етничка припадност кои беа отпуштени од своите работни места во Министерството за односи меѓу заедниците, со кое раководи Иван Стоилковиќ, се вратија на своите позиции.

Нивното отпуштање предизвика бурни реакции во јавноста и отвори сомнежи за законитоста на постапката. По извршените проверки, надлежните институции утврдиле дека разрешувањето било неосновано и неправедно.

Одлуката за нивно враќање на работа ја донела Агенцијата за администрација, со што практично е поништена претходната одлука за отказ.

По ова решение, вработените имаат право да поведат судска постапка и да бараат надомест на штета за периодот во кој биле отстранети од работните места, вклучително и изгубените примања и другите права од работен однос.