Skip to main content
Свет

По две години пауза ќе се постави божиќна елка во Витлеем

07/12/2025  12:28

По две години пауза, ќе се постави божиќна елка во градот Витлеем. Сите јави прослави во овој град беа откажани во текот на двете војни во појасот Газа.

Меѓутоа, по неодамнешното примирје, властите на Витлеем одлучија оваа година да ги вратат божиќните свечености, а тоа е и осветлувањето на традиционалната, џиновска божиќна елка пред црквата Христово раѓање.

– Тоа беа две лоши години на тишина. Немаше Божиќ, немаше работа, рече градоначалникот на Витлеем, Махер Канати, и додаде дека жителите живеат од туризам, а туризмот бил сведен на нула.