
На седницата на Советот на Општина Виница закажана за утре доставена е Предлог-одлука до советниците со која, градоначалникот Миле Петков предлага да му се додели Плакета за покажаната храброст и хуманост на младиот Јован во врска со трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во истата Предлог-одлука се предлага советниците да одобрат и општината да му додели стипендија за високо образование во рок од 4 години.
-Сметам дека тоа е најмалку што можеме да направиме за нашиот херој кој спаси дваесетина лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се вели во објавата на виничкиот градоначалник Петков.
Инаку денес Јован беше пречекан од стотици соученици и граѓани со громогласен аплауз во гимназијата каде учи во Виница.