
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на денешната трка во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Белгија.
Раководството на Формула 1 претходно го одложи почетокот на трката за еден час и 20 минути поради дождот што врнеше на патеката Спа-Франкошамп.
Пјастри ја освои својата шеста победа во сезоната и осма во кариерата во Белгија.
Ландо Норис од Мекларен беше втор, и покрај тоа што имаше пол-позиција пред почетокот на трката, додека возачот на Ферари, Шарл Леклерк, заврши трет.