Невиден преседан е преку Изјава дирекрор/ка на јавна институција да бара медиуми да не пишуваат за неговата работа.
Токму тоа денеска го стори в.д. директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, Каролина Симоновска.
Оттаму, кратка лекција по демократија и транспарентност за в.д. директорката.
Бидејќи е именувана за вршител на јавна функција и прима плата од Буџетот на Република Северна Македонија, јавноста има легитимно право на информации поврзани со нејзиното работење. Јавните службеници се одговорни пред граѓаните, а транспарентноста е основен принцип во демократското општество.
Инаку, нејзината професионалност и интегритет се заштитени, но правото на јавноста да биде информирана за активностите на институциите кои ги финансира е подеднакво важно.
Доколку директорката се повлече од јавната функција, тогаш би било соодветно да ги искористи правните механизми за заштита на нејзиното име, но додека е на оваа позиција, приоритет треба да биде отвореноста и отчетноста кон граѓаните.