Skip to main content
Македонија

Писмата не стигаат, вработените во Пошта протестираат

23/01/2026  13:32

Вработените во АД Маедонска пошта денеска излегоа на протест и ја реализираа најавата дадена пред неколку денови.

Причина за ваквата реакција е доцнењето на платата, која до 23 јануари сè уште не им е исплатена.

Претседателот на синдикатот во Македонска Пошта, заедно со вработените, соопшти дека протестите ќе продолжат сè додека не се изврши исплатата.

Менаџментот бил известен и дека доколку следната плата не биде исплатена до 15 јануари, протестите ќе почнат веднаш, а како опција не е исклучен ниту целосен штрајк на вработените.

Вработените пак посочија дека покрај доцнењето на платите, работат и во лоши услови – без греење, без основна опрема, а дел од просториите содржат азбестен материјал.

Протестот не е ограничен само на Скопје. Вработени во повеќе градови низ државата денеска излегоа пред објектите на Македонска Пошта со истото барање.