
Уапсен возач од пробиштипско кој управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.
Како што информираат од МВР, вчера (23.11.2025) во 23:00 часот во село Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Н.В.(20) од село Ратавица.
Претходно, околу 21:30 часот на излезот од с.Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитна ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото.
По преземени мерки тој е пронајден и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
