Skip to main content
Хроника

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

27/12/2025  21:07

Тешка сообраќајка несреќа се случила вечерва во скопската населба Кисела Вода, дознава 24инфо.мк.

Според сведочењето на наш читател, возач на такси во видно алкохолизирана состојба удрил младо девојче и продолжил да вози.

„Таксистот целосно изгуби контрола и удри во млада девојка и продолжи да вози оставајќи за девојката зад себе. Вон контрола пред пиљарата Шампионче удри во комбе, па продолжи понатаму и запре пред вратата на градинката Весели Цветови ,,Мимоза” со искршени браници и истечени течности од моторот. Повикана беше брза помош и полиција, за кратко дојде брзата помош и со помош на насобраните луѓе го внесоа девојчето во возилото, Ова се случи на тротоарот по кој наутро ги носиме децата во градинка,а возилото заврши пред капијата на смата градинка“ вели нашиот извор.

На терес се екипи на полицијата, а повеќе детали очекуваме од МВР во текот на утрешниот ден.