Skip to main content
Хроника

Пијан скопјанец, возел во спротивна лента и удрил во друга кола – повредени две бебиња

09/08/2025  19:21

Скопското Обвинителство отвори постапка против 57-годишен жител на селото Трубарево за кривично дело „Загрозување на безбедноста во сообраќајот“ според член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 8 август на локалниот пат меѓу селата Петровец и Долно Коњари. Осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со истечена сообраќајна дозвола и под дејство на алкохол. Брзината не ја приспособил на условите на патот, поради што изгубил контрола, преминал во спротивната лента и со предниот лев дел од возилото удрил во „Шкода“.

Од ударот полесни повреди добиле возачот и четворица патници во „Шкода“, меѓу кои и две 8-месечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.

Јавниот обвинител предложи мерки на претпазливост за возачот – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија.