Skip to main content
Хроника

Пијан седнал зад волан па удрил во столб пред кафеана – приведен кривопаланчанец

19/10/2025  12:59

Вчера во 16:24 часот во село Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода С.В.(30) од Крива Паланка.

Претходно, тој со возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб пред угостителски објект во селото. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека С.В. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.