
Овој рецепт за пица се базира на бавно ферментирање, што резултира со лесно, еластично и вкусно тесто со одлична структура. Совршен е за домашна пица со професионален квалитет, подготвена во обична рерна.
Состојки за тесто:
- 922 грама остро пченично брашно
- 600 мл ладна вода
- 23 грама сол
- 18 грама кристален шеќер
- 3 грама сув квасец
- 28 грама маслиново масло
Подготовка:
Во брашното додајте сол и шеќер и измешајте ги сувите состојки со вилушка, па потоа додајте го сувиот квасец. Постепено додавајте ја водата и мешајте додека да се поврзе смесата. Потоа додајте го маслиновото масло и месете 10–15 минути, сè додека не добиете мазно и хомогено тесто. Покријте го тестото и оставете го да одмори 30 минути.
Прво ферментирање: Повторно измесете го тестото 2–3 минути, ставете го во лесно намастен сад и потоа сместете го садот во пластична кеса. Оставете го тестото да ферментира на собна температура околу 14 часа.
Второ ферментирање: Поделете го тестото на 6 парчиња од околу 250 грама и обликувајте топчиња. Ставете го секое топче во посебен намастен сад/ во пластична кеса или сите заедно на плех. Покријте со пластична или алуминиумска фолија и оставете да одмараат и бавно да ферментрираат во фрижидер за одржување на храна околу 10 часа.
Започнете со растегнување на тестото со раце, од средината кон рабовите. Поставете го на хартија за печење и развлечете до саканата големина. Додајте доматен сос, кашкавал и додатоци по желба. Печете ја пицата во претходно загреана рерна на 250 °C околу 10 минути, или додека не добие златно-кафеава боја. Послужете ја пицата веднаш по печењето, додека е топла и крцкава.
