Skip to main content
Македонија

Петрушевски: Формирана Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии

03/12/2025  15:52

Денес, со 84 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Собранието ја формира Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии во Македонија, објави пратеникот Бране Петрушевски.

Додава дека целта е јасна: расветлување на пропустите, утврдување одговорност каде што постои и унапредување на системите што треба да ги штитат граѓаните.