
Пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, смета дека последните кадровски промени во Армијата и Министерството за одбрана се непотребни, несоодветни и претставуваат чекор назад.
Таа ја критикува смената на неколку генерали со истакнати професионални кариери, нарекувајќи ја неоправдана и неприфатлива. „Несфатливо е генерал со признанија од сојузниците и долгогодишно искуство да биде ‘пензиониран’ и прераспореден од оперативна команда во сектор во Министерството“, посочува Петровска.
Дополнително, таа изразува загриженост за информации дека лица кои во минатото биле одбивани за НАТО сертификат, сега добиле позитивна ревизија под политички притисок врз Воената служба за безбедност. Според неа, ова е индикатор за слабости во системот, кои во иднина може да бидат злоупотребени за повисоки цели.
