Skip to main content
Економија

Петрова: Нема ретроактивно оданочување

02/02/2026  17:35

Директорката на УЈП, Елена Петрова, по денешната средба во Сојузот на стопански комори, појасни дека оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска уште од 2020 година и не станува збор за ретроактивно оданочување. Петрова истакна дека многумина се соочуваат со потешкотии при обезбедување докази за платен данок во странство, па УЈП воведува мерки за олеснување на процесот, вклучувајќи прифаќање на сите видови докази и соработка со странски даночни администрации.

Од околу 1.100 граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, околу 200 веќе доставиле документи, додека за останатите УЈП побарала официјални листи и податоци од компаниите. Дополнителни проверки ќе се вршат и за граѓаните испратени во мировни мисии, за кои данокот бил платен преку Министерството за одбрана. Аконтациските решенија за 2020 година ќе бидат заменети со конечни решенија, а процесот на корекции ќе мирува додека не се обезбедат сите потребни податоци.