Skip to main content
Свет

Петмина загинати во рускиот напад со дронови врз Харков

04/04/2025  11:19

Бројот на загинатите во рускиот ноќен напад со дронови врз Харков се искачи на пет, јави Укринформ, повикувајќи се на изјавата на гувернерот на Харковската област, Олег Синегубов.

Првичните податоци на Синегубов говореа за четири жртви, но подоцна тој соопшти преку „Телеграм“ дека 88-годишен маж, кој бил во критична состојба, починал, со што бројот на загинати се зголеми на пет. Во нападот се повредени 32 лица.

Руски дронови „Шахед“ погодиле станбена зграда, по што избувнал пожар.

Харков, град во североисточна Украина, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, редовно е цел на руски напади од почетокот на целосната инвазија пред повеќе од три години.