Skip to main content
Свет

Петмина убиени во напад со дрон врз украинскиот град Никопол

04/04/2026  16:48

„Пет лица се убиени, 19 се повредени во нападот врз Никопол. Непријателот изврши удар со дрон. Пет лица, три жени и двајца мажи, се убиени“, рече Ханжа.

Според него, меѓу повредените е и 14-годишно девојче, кое е хоспитализирано, а лекарите ја оценуваат нејзината состојба како сериозна.

Во нападот избувнал пожар, додека биле оштетени трговски павилјони и продавница.

Како што претходно беше објавено, во текот на ноќта биле извршени напади врз Дњепропетровската област повеќе од 20 пати, при што биле повредени три лица, од кои две биле деца.