Skip to main content
Хроника

Петгодишно дете од делчевско испило поголема количина апчиња и заврши во болница

04/03/2025  14:07

Петгодишно дете од делчевското село Тработивиште заврши во болница откако се затруло со поголема количина апчиња, кои ги испило додека не било под надзор на родителите.

MK Summit

Детето веднаш со итна медицинска помош било испратено во Општа болница со проширена дејност – Кочани, од каде поради сериозноста на труењето било испратено на Клиниката за детски болести во Скопје за понатамошно лекување.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.