Skip to main content
Македонија

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

22/04/2025  11:00

Во болниците во Македонија сè уште се лекуваат пет пациенти oд пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На клиниката за пластична хирургија се наоѓа една пациентка, додека уште двајца пациенти се сместени во стара Градска болница, двајца пациенти се хоспитализирани во приватната болница „Систина“.

Во странство се лекуваат 44 пациенти. Состојбата на двајца од нив и натаму е критична. Во саботата од Ниш пристигна пациент кој беше згрижен на клиниката за пластична хирургија и веќе наредниот ден по направените анализи беше пуштен на домашно лекување.

Здравствените власти велат дека имаат редовна комуникација со странските болници и ја следат состојба на сите пациенти.

Во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март загинаа 62 луѓе, а речиси 200 беа повредени. Голем дел од повредените беа испратени на лекување во странство.