Skip to main content
Хроника

Пет лица во Драчево се испотепале меѓу себе со ножеви и тврди премети

23/06/2025  13:52

Вчера во 15.00 часот, полицијата уапсила пет лица А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58), сите од Скопје, поради тепачка.

„Околу 11 часот на подрачјето на Драчево, истиот ден по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.