Skip to main content
Хроника

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа, ова се деталите

24/08/2025  18:03

На 23.08.2025 во 17:05 часот во ОВР Свети Николе, било пријавено дека на регионалниот пат Р-1204 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фоксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(30) од с.Ерџелија, светиниколско и патничко возило „Шкода“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(38) од с.Мустафино, светиниколско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатничката од патничкото возило „шкода“ С.Ф., додека со телесни повреди се здобиле возачот од истото возило и сопатниците Е.С., С.С. и З.С., констатирани во Клиничка болница Штип.