
Денеска до 20:00 часот, на територијата на земјава има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 3 се под контрола и изгаснати 14 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пет пожари:
-Општина Чучер Сандево и Липково: с. Малино, с. Танушевци и с. Лукаре (мешана шума);
-Општина Долнени: с. Долгаец м.в. Тутуница (ниска вегетацја);
-Општина Гевгелија: с. Давидово (нива);
-Општина Делчево: Делчево депонија Острец (депонија);
-Општина Куманово: с. Лубодраг (ниска вегетација и стрниште).
Под контрола се три пожари:
-Општина Прилел: с. Дабница и м.в. Три багреми (ниска вегетација и ѓубре);
-Општина Гевгелија: Планина Кожуф (приземен пожар);
-Општина Студеничани: с. Малчиште-с. Осинчани (ниска вегетација и деградирана шума).
Изгаснати се 14 пожари: Општина Бутел 1: депонија Визбегово (запалено ѓубре); Општина Бутел 2: бул. Босна и Херцеговина (ниска вегетација); Општина Чаир: Кај Скопски Аквадукт (ниска вегетација); Општина Македонски Брод: над с. Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат); Општина Штип: с.Љуботен (запалена ниска вегетација зафатена 1 куќа и 3 штали); Општина Демир Хисар: с. Суводол (ниска вегетација и отпад); Oпштина Арачиново: с. Арачиново (депонја); Општина Петровец: с. Ржаничино- с. Таор (ниска вегетација и трска); Општина Битола: нас. Ушици (ѓубре); Општина Кривогаштани: с. Подвис (ниска вегетација); Општина Кичево 1 : Кичево (депонија); Општина Кичево 2: с. Поповјани (стрниште); Општина Кичево 3: с. Зајас (стрниште); Општина Тетово: позади Центрум (нива).