Skip to main content
Свет

Песков: Преговорите со Вашингтон ќе бидат тешки

23/03/2025  15:03

Ние сме само на почетокот на ова патување. Утрешните преговори со Вашингтон ќе бидат тешки. Главен приоритет на Москва е можното продолжување на договорот за безбедна пловидба на трговските бродови низ Црното Море, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руската државна телевизија пред одвоените преговори за прекин на огнот меѓу САД, Украина и Русија кои ќе се одржат во Саудиска Арабија.

Неговите изјави доаѓаат по минатонеделниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Белата куќа по повикот објави дека двајцата лидери се согласиле дека „движењето кон мир ќе започне со прекин на огнот во областа на енергетската и инфраструктурната мрежа“, по што ќе следат преговори за „поморски прекин на огнот во Црното Море, целосен прекин на огнот и траен мир“.