Skip to main content
Свет

Песков: Односите со Киев ќе се одредат по исполнување на целите на  „специјалната воена операција“

27/07/2025  19:35

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека идните односи меѓу Русија и Украина ќе бидат дефинирани дури по завршување на задачите од, како што ја нарече, „специјалната воена операција“.

– Во моментов, ова е премногу теоретско прашање. Прво мораме да ги решиме задачите што ги постави операцијата. Најпосакувано е тоа да се постигне со политички и дипломатски средства, но тие станаа невозможни откако беа одбиени сите наши предлози за дијалог – и од Украина и од Западот- рече Песков.