Skip to main content
Свет

Песков најави нови преговори за Украина

06/02/2026  20:16

Потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна нова рунда преговори за Украина но не прецизираше датум.

„Засега датумот не е прецизиран. Но, наскоро ќе биде“, рече Песков, пренесен од руските медиуми.

Тој, исто така, рече дека не е планирана нова рунда преговори за украинското решение во САД, ниту пак имало разговори за таков состанок.

Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, вчера изјави дека учесниците на состанокот во Абу Даби се согласиле да известат за резултатите во своите главни градови за да може дијалогот да продолжи во наредните недели.