Skip to main content
Свет

Песков: Кремљ се согласува со Трамп дека Зеленски го забавува мировниот процес во Украина

15/01/2026  17:43

Изјавата на Доналд Трамп дека Зеленски го забавува мировниот процес во Украина ја подржува Кремљ.

„Можеме да се согласиме со тоа. Тоа е навистина точно“, изјави Песков пред новинарите кога го прашаа како ја коментира изјавата на Трамп дека Москва е подготвена да постигне договор и дека Зеленски е виновен за одложувањето на решавањето на конфликтот, пренесуваат руските медиуми.

Песков рече дека Путин останува отворен за постигнување решение за војната во Украина и дека ставот на Русија добро им е познат и на Вашингтон и на Киев.

„Претседателот Путин и руската страна ја одржуваат својата отвореност. Ставот на руската страна добро им е познат и на американските преговарачи и на претседателот Трамп. Тоа добро им е познато и на Киев и на раководството на режимот во Киев. Овој став е конзистентен“, изјави Песков.

Кремљ се надева, посочи портпаролот, дека посетата на Москва на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе се реализира кога ќе се договорат датумите.

„Штом ќе се договори датумот, се надеваме дека таква посета ќе има“, изјави Песков.