Skip to main content
Свет

Песков: Европа не е во позиција да уценува никого

22/03/2026  15:26

Европа во моментов не е во позиција да уценува никого, вклучително и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Тој истакна дека токму Украина е таа што во моментов уценува сè на европскиот континент, одговарајќи на прашањето дали Европа сега би можела да се обиде да го уценува Трамп нудејќи му помош на Блискиот Исток во замена за учеството на Вашингтон во украинскиот конфликт, пренесува РИА Новости.

Песков изјави дека Европа е во тешка позиција, но дека сè уште не е подготвена да се вклучи во дијалог со Русија и сака да го продолжи конфликтот во Украина, без да знае како да најде пари за да ја продолжи војната.

Европа е растргната од противречности, Европа е во тешка ситуација, Европа сè уште не сака да разговара со нас, Европа сè уште сака војната во Украина да продолжи и не знае како да ја плати“, смета Песков, според Танјуг.

Тој додаде дека Европа сега има свои проблеми, дека прашањето за плаќање сметки за гас, бензин и електрична енергија ја замени Украина како тема број еден на агендата на европските влади.

„За нив (Европејците), тема број еден сега веќе не е Украина, туку како да се платат сметките за гас, бензин и електрична енергија“, истакна Песков.