Skip to main content
Македонија

Пешак загина во тешка сообраќајка вечерва во Волково

03/01/2026  23:20

Пешак на возраст од околу шеесет години го загуби животот во нова трагична сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопската населба Волково.

Според информациите објавени од „Слободен печат“, мажот починал на самото место, а во моментот е во тек увид од страна на надлежните служби. Повеќе детали за околностите под кои се случила несреќата се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Оваа трагедија доаѓа во период кога сообраќајната безбедност повторно е во фокусот на јавноста. Од февруари официјално се очекува почеток на проектот „Безбеден град“, кој со години се најавува и моментално се наоѓа во пробна фаза. Целта на проектот е намалување на бројот на сообраќајни незгоди преку автоматско санкционирање на возачите кои ја надминуваат дозволената брзина и ги кршат сообраќајните правила.

По трагичната сообраќајка во која загина младата Фросина Кулакова, казнената политика за сообраќајни несреќи со смртни последици беше значително заострена. Возачот кој ја прегази Кулакова беше осуден на 13 години затвор, додека возачот кој го усмрти дедо Југо доби затворска казна од 11 години.

Прашањето за висината и доследната примена на казните повторно се отвори во јавноста, а вчера во Скопје беше одржан и протест поврзан со судските пресуди за сообраќајни несреќи со смртни последици.