Skip to main content
Хроника

Пешак удрен од автомобил во центарот на Скопје

06/09/2025  15:26

На 05.09.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков” во Скопје, Ј.Х.(66) од Скопје, управувајќи патничко возило „фолксваген поло” со скопски регистарски ознаки, удрил во М.Х.(65) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Х., констатирани во  Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.