Skip to main content
Хроника

Пешак тешко повреден во Скопје, возач со атомобил удрил во него

01/10/2025  14:04

На 30 септември 2025 година, околу 17:14 часот, на кружниот тек на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак.

Возилото било управувано од Џ.И. (52) од селото Долно Количани, скопско, а во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.В. (54) од селото Агино Село, кумановско. Повредите му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.