Skip to main content
Хроника

Пешак потешко повреден на патот Струмица-ГП Ново Село

24/09/2025  14:43

Пешакот Ж.Ј. (47) од село Габрово е потешко повреден на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, кај истоименото село, откако во него удрил автомобил, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во соопштението се наведува дека вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од село Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од село Габрово.

Во несреќата потешко е повреден пешакот, а повредите се констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.