Skip to main content
Хроника

Пешак од Украина загина по удар од автомобил на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце

23/08/2025  12:48

На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М.(53) од Украина.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во Косово, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.