Skip to main content
Свет

ПЕС ја исклучија партијата на Фицо, Смер

17/10/2025  16:20

Партијата европски социјалисти (ПЕС) денеска едногласно изгласа исклучување на партијата на словачкиот премиер Роберт Фицо, Смер, поради што изминатите години зазема ставови кои силно и длабоко се спротивставуваат на вредностите и принципите за кои се залага политичкото семејство, изјави генералниот секретар на ПЕС, Џакомо Филибек.

Фицо го обвинуваат за приближување до рускиот претседател Владимир Путин и оти го поткопува владеењето на правото во Словачка.

– Ова е едногласна, јасна порака. Ако припаѓате на семејството ПЕС, ги споделувате вредностите што сите ги споделуваме, наведе Филибек.

Фицо во мај беше единствениот лидер на земја-членка на ЕУ што присуствуваше на одбележувањето на 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна во Москва, и покрај повиците на ЕУ за бојкот.

Фицо е познат по своите проруски ставови и отворено се спротивставува на политиките на Унијата за Украина.

Членството на Смер во ПЕС беше суспендирано во октомври 2023 година, кога Фицо формираше влада со националистичката Словачка народна партија (СНС).