Skip to main content
Кошарка

Перо Антиќ не е повеќе претседател на КФМ, го наследи бизнисменот Главчев

30/04/2025  17:48

Македонската кошарка доби нов претседател во името на македонскиот бизнисмен Томица Главчев кој едногласно беше изгласан од клубовите на Вонредното Изборно Собрание на КФСМ во СЦ „Борис Трајковски“.

На Вонредното изборно собрание беа присутни 38 клуба, а сите едногласно му изгласаа недоверба на првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ. Потоа следеше избор на собраниско тело, кое подоцна го верификува Томица Главчев за нов претседател на КФСМ.

Главчев, долгогодишен македонски бизнисмен и инвеститор во македонската кошарка во клубови како Кожув и Блокотехна, беше единствен кандидат за нов претседател на КФСМ.