Skip to main content
Македонија

Перински: Со две раце потпишувам – идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ

06/06/2025  00:06

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 отвори прашања поврзани со политичката иднина на главниот град, најавувајќи дека очекува победа на неговата партија на следните локални избори во Скопје.

„Со две раце потпишувам дека идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Перински, посочувајќи на растечкиот рејтинг и поддршката што партијата ја ужива меѓу граѓаните.

Иако не потврди дека е кандидат за функцијата, Перински не ја исклучи можноста да влезе во трката за градоначалник. Тој изјави дека досега немал разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за евентуална кандидатура, но ја потврди својата лична амбиција.

„Секој што работи одговорно и со визија, природно е да има амбиции. Но, конечната одлука е на партијата“, додаде тој.